На Европскиот првак во карате, Емил Павлов, денес на пригодна свеченост во Опшина Штип му беше д0делено признанитето за најдобар спортист на Штип за 2014 година.
Покрај Павлов, во потесниот избор за најуспешни спортисти во Штип се најдоа и борачот Бобан Данов (втор) како и третотопласираните Дејан Митров (борење) и Мартин Стојчевски (бокс).
Каратистот Горан Иванов е најдобриот меѓу малдите спортисти, а боксерот Осман Демиров е втор, третото место го делат каратистката Јована Ѓоргиева и борачот Никола Димитриев.
Во конкуренција на кадети најдобар е борачот Михаил Николов, втор е борачот Васе Спасов, а трет е боксерот Ангел Арсов. И кај пионерите признанието е во рацете на борачот Дарко Иванов, втор е пингпонгарот Филип Костадиновски, а трета е одбојкарката Тамара Христовска.
Најдобри спортски работници се Благој Донев од БК Баргала и Мики Петров од РК Кожувчанка.
Најуспешни тренери се Сашко Арсовски од карате Клуб Штип и Петар Чурлинов боксерски клуб Баргала.
ipon.mk/В.Д.