Македонија има сигурен златен медал во категоријата до 60 килограми, бидејќи во финалето ќе се сретнат нашите репрезентативци Емил Павлов и Халил Муртиши. И Тодор Ристески ќе се бори за златниот медал во категоријата до 67 килограми. Тој за противник го има Марин Хркач од Босна и Херцеговина. Кај жените Симона Заборска во категоријата до 55 килограми обезбеди финале, каде што ќе се сретне со Јована Перковиќ од Србија.
На патот до финалето европскиот првак Павлов ги совлада Нермин Зечировиќ (БиХ) 6:0, Борис Берак (Хрватска) 4:0 и Марко Антиќ (Србија) 4:1. А Муртиши беше поуспешен од Иван Крижанац (Хрватска) 3:0, Георге Најденов (Бугарија) 2:1 и Един Муслиќ (БиХ) 3:0.
Во оваа категорија настапија уште Михаил Ѓурчиновски, кој го победи Босанецот Муамер Бајровиќ, а во наредното коло изгуби од Србинот Марко Антиќ со 8:0. Горан Николовски беше поразен од Милош Џаковиќ (Србија) со 4:1.
На патото до финалето Ристески беше подобар од Ервин Галиќ (БиХ) 2:1, Јозо Дабовиќ (ЦГ) 3:1, Жељко Крстин (Србија) 6:5, а во полуфиналето се сретна со вториот полуфиналист од нашата земја Дејан Црничиќ, при што во регулраниот дел средбата заврши нерешено 1:1 и со судиска одлука во финалето се пласира Ристески. Црничиќ претходно ги совлада Веселин Димитров (Бугарија) 8:0 и Стефан Јокксиќ (Србија) 1:0. Додека Филип Ѓурчиновски старуваше со победа од 2:0 над Халил Маркаши (Албанија), а загуби од Младен Рајлиќ (Србија) 1:3, а Марко Мартиновиќ (Србија) беше подобар од Ристе Додевски 5:1.
Мишела Димоска во кати поединечно беше подобра во изведбата од Босанката Азра Пенава 5:0, но не и од Србинката Ивана Степановиќ 1:4. Таа ќе се бори за бронзениот медал, откако во репасажот со 5:0 ја совлада Гергана Витанова (Бугарија). Јелена Лековиќ (Србија) беше подобра од Маријана Димоска 4:1, а нејзината сонародничкаМарија Маџаревиќ од Поликсенија Јовановска 3:2.
Кај мажите нашиот Фери Исиќ беше поразен од Дејан Пајкиќ (Србија) 0:5, но во репасажот со 4:1 го победи Стефан Пајовиќ од Црна Гора и ќе се бори за бронзениот медал.
Во категоријата до 55 килограми во борби (жени) Марија Ристеска беше убедливо поразена од Бојана Стефанова (Бугарија) 0:7, додека втората наша репрезентативка Фатјона Алиу со 5:1 беше совладана од Серап Озелчик, затоа, пак, во репасажот со судиско надгласување ја победи Лилјана Пендиќ (Хрватска), бидејќи борбата заврши 0:0. Алиу има шанси да се закити со бронзениот медал.
Марија Матракоска (-55 кг) загуби од Јована Перковиќ (Србија) 6:0, а во репасажот беше совлладана од Маја Кастратовиќ (ЦГ) со 4:0. Во истата категорија Симона Заборска со по 3:0 ги совлада Дајана Црноглавац (БиХ), Бранка Аранџеловиќ (Србија) и Ива Клепиќ (БиХ). За златниот медал ќе се бори со Јована Перковиќ од Србија.
ipon.mk/В. Донев