Македонската карате репрезентација ќе патува на Европското карате првенство во Гвадалахара, Шпанија, кое ќе се одржи 28-31 март ќе се одржи, Емил Павлов да ја брани шампионската титула, а и да се освои медал, ако за тоа се укаже прилика. Од друга страна, Берат Јакупи е најблиску до пласман на Европските игри во Минск, Белорусија, затоа ЕП е предизвик и за другите натпреварувачи.
На шампионатот ќе настапат 508 натпреварувачи од 50 европски земји.
Македонија ќе претставуваат:
Kати
Пуликсенија Јованоска
Фери Исиќ
Борби жени
Сара Радичевска – 50 кг
Симона Заборска -55 кг
Наташа Стефановска -61 кг
Моника Стефановска -68 кг
Борби мажи
Емил Павлов -60 кг
Фаик Весели -67 кг
Азиз Исмаил -75 кг
Берат јакупи -84 кг
Жарко Арсовски +84 кг
Екипно борби
Жени (Радичевска, Заборска, Наташа и Моника Стефановски)
Мажи (Арсовски, Исмаил, Доан Османи, Весели, Спасеновски)
На листата репрезентативци се нашите најтрофејни натпреварувачи предводени од актуелниот европски шампион и најдобар спортист на Македонија за 2018 година Емил Павлов, Медитеранскиот шампион Берат Јакупи и освојувачот на бронзен медал на медитеранските игри Жарко Арсовски. Покрај нив се и Азис Исмаил, Петар Спасеновски и Доан Османи, како и најмладиот Фахик Весели, освојувачот на бронзениот медал на Младинските олимписки игри минатата година.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, кој денска имаше прием за нашите репрезентативци, и посака успешен настап на каратистите на претстојното првенство со надеж за освојување што поголем број на одличја, и претставување на нашата држава во вистинско светло.
Ipon.mk