Павлов ја доби наградата -најдобар спортист на Источна Македонија!

Emil i Kire na ZNM

Синоќа на свечен начин му беше доделено признанието „Најдобар спортист на Источна Македонија“ на поранешниот европски првак, Емил Павлов од КК Штип, од страна на Регионалниот актив на новинарите при Здружението на новинари на Мaкедонија – „Исток“ на „Ноќта на најдоброто од Истокот“.

Свеченоста се одржа во хотелот „Александар парк“ во Виница, каде што беа прогласени најуспешните од Истокот во повеќе области- стопанство, образование, наука и спорт. Ова прогласување беше во организација на Регионалниот актив на новинарите при ЗНМ. Вкупно беа доделени 14 признанија.
Наградата на најдобриот спортист на Истокот, Емил Павлов, му ја врачи новинарот Кирил Манев.

Павлов истакна дека интензивно се подготвува за првите Европски игри во Баку 13-28 јуни во Азербејџан. Тој очекува дека ќе се врати со медал од Игрите.

Заслужени аплаузи доби и еден од неговите тренери, Жарко Арсовски, кој со својот брат Сашко дадоа голем придонес за досегашните успешни резултати на Павлов.

Признаниоја за високи достигнувања во различни области добија: Општина Виница – најхумана општина во регионот; рудникот „Саса“, „Актива“ – Штип и „Винчини“ од Виница, се најдобри во стопанството; Саша Митрев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ и штипската гимназија „Славчо Стојменски“ за 100 години постоење се најдоброто во образованието. Признание добри и доктор Пацка Доневска од Пробиштип, комплексот „Аурора“ на Беровско езеро, Амбасадата на Швајцарија во Македонија за поддршка за животната средина преку проектот за заштита на Брегалница, Димитар Узунски, водачот на фолклорната група „Копачка“, Организацијата на жени од Свети Николе, Женскиот фудбалски клуб од Кочани и Фестивалот на аматерски театар ДАФ од Кочани. ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON