Во есенскиот дел на Карате 1 Премиер лигата во Токио, Јапонија, Емил Павлов и Пуликсенија Јованоска ги завршија настапите.
Павлов загуби од српскиот каратист Марко Антиќ со 2-3, кој потоа беше поразен во наредниот меч, така што не доби надеж преку репасаж да ги поправи работите. Јованоска имаше седми резултат и не се пласира во понатамошното натпреварување.
Се очекуваат настапите на Петар Заборски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски и Жарко Арсовски.
На овој турнир настапуваат 649 натпреварувачи од 337 клуба во светот, односно 79 држави.
Резултати
кати
Пуликсенија Јованоска 20,92 (14,56 + 6,36) седми резултат во 3-та група
-60 кг
Емил Павлов – Марко Антиќ (Србија) 2-3
-75 кг
Петар Заборски – Ноа Бич (Германија)
-84 кг
Берат Јакупи – Урош Мијалковиќ (Србија)
Петар Спасеновски – Ајхан Мамајев (Азербејџан)
+84 кг
Жарко Арсовски – Даниел Молнар