Паунд фор паунд тим Македонија освои 22 медали и е втор на „Бугарија опен“

Паунд фор паунд тим Македонија освои 22 медали – 9 златни, 7 сребрени и 6 бронзи и второпласирана екипа на Меѓународниот турнир „Бугарија опен“ за џиу џицу и граплинг што се одржа денес.

„За прв пат дебитираа тројца борци од нашиот тим, на уште 5 им беше само втор турнир и 5 искусни борци ги бранеа боите на клубот/тимот,на град Битола и Македонија“, вели тренерот Сашко Миречевски и додава:

„Игор Додевски, Бојан Милевски во напредна дивизија имаа одлични настапи и победија доста добри и искусни натпреварувачи, а кај јуниорите добар настап имаше Филип Марковски, освојувајќи две злата и во кимоно(џиу џицу) и во граплинг.

Миречевски вели продолжуваме со активна и редовна работа со клубот, истакнувајќи дека наскоро ќе се одржи тренинг камп со поискусните натпреварувачи во Германија и дека се во преговори за следни ММА борби.

„Продолжуваме напред. Со срце за МАКЕДОНИЈА!“, порача Мирчевски

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON