Пауло Коста сака борба со Хамзат Чимаев во Саудиска Арабија

Пауло Коста продолжува да притиска за уште една шанса против Хамзат Чимаев.

Борбата меѓу нив требаше да се случи во октомври во Абу Даби. За жал, натпреварот пропадна откако Коста мораше да оди на операција поради инфекција. Чимаев остана на борбената карта на настанот и со одлука го победи Камару Усман. „Борз“ сега има закажана операција на раката и планира да се бори во април.

Коста, пак, го повика на дуел во март во Саудиска Арабија. Во последните месеци двајцата си разменија многу навреди и закани. Борбата меѓу нив има смисла, но останува непознато дали УФЦ ќе им даде шанса.

„Им кажав на УФЦ да ми дадат борба со Чимаев во Саудиска Арабија. Не можам да видам подобра борба од 5 рунди за овој конкретен настан, кој е на Блискиот Исток. Би сакал да му го клоцам задникот баш таму.Изгледа Чеченецот не го сака овој прдеж. Каде е овој чеченски гурман?“, напиша Коста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Costa (@borrachinhamma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО