Поранешниот предизвикувач за шампионскиот појас на УФЦ, Пауло Коста може да биде во голема неволја ако се докаже дека удрил медицинска сестра додека се вакцинирал против Ковид-19.
Имено, според бразилскиот весник Глобо, 31-годишниот УФЦ борец не сакал да се вакцинира, туку сакал само потврда.
Коста наводно ја зел сметката и сакал да замине без вакцинација, а медицинска сестра се обидела да го спречи.
Инцидентот се случил во понеделникот вечерта во трговски центар во Контагем, Бразил.
„Уверението за вакцинација веќе беше пополнето, но тој рече дека сè уште не сака да се вакцинира. Сакаше да си замине само со потврда, но персоналот се обиде да го спречи. Во тој момент ја удрил медицинската сестра. Таа го фатила за рака, а тој насилно се ослободил“, соопшти полицијата.
Коста е ослободен од притвор, но сега го чека судење.
Бразилскиот борец тврди дека ја примил вакцината, но дека болницата не сакала да му даде потврда дека е вакциниран. Тоа му предизвикало стрес.