Патрицио Фреир го нокаутира Карвалјо и ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Двократниот шампион во Белатор, Патрицио Фреир, го совлада Педро Карвалјо со атрактивен нокаут на Белатор 252 во Конектикат и ја освои титулата во перо категорија и се пласира во полуфиналето на турнирот.

На почетокот на борбата Карвалјо го притисна Фреир до мрежата, а потоа го удри во телото. Фреир му врати со нога, при што разменија нова серија удари. Удар од Карвалјо, но Фреир возврати со силна левица во главата. Влегуваа во клинч, каде што разменуваа удари со колена. Крај на клинчот и Педро се обидува повторно да притисне. Силен удар со деницата од Фреир и Карвалјо паѓа на партер, а Патрицио му применува гилотина.

Шампионот не успева со гилотина и применува нов зафат. Повторно нема успех, битката се оди на нозе. Нов притисок од Карвалјо, а Фреир му дава задава брутална левица во главата. Лево, па силно десно кроше и Карвалјо паѓа во тежок нокаут.

Битката траеше само 2 минути и 10 секунди. Со оваа победа Фреир го одбрани појасот и оди во полуфиналето на турнирот. Влегува во серија од шест последователни победи. Карвалјо загуби за прв пат во Белатор и ова е крај на неговата серија од шест последователни победи.

Белатор 252 – Резултати:
Патрицио Фреир – Педро Карвалјо со КО 1, 2:10
Јарослав Амосов – Логан Сторли со одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Емануел Санчез – Даниел Вајчел со одлука (48-46, 49-46, 49-45)

Арон Пико – Џон де Хесус со ТКО 2, 4:12
Кери Тејлор-Мелендез – Емили Кинг со ЗАВ 1, 3:02
Мани Муро – Девин Пауел со одлука (30-27, 29-28, 30-27)
Џорнел Луго – Шилер Соото со одлука (29-28, 30-27, 30-27)
Лукас Бренан – Ендру Салас со одлука (30-27, 30-26, 30-26)
Роман Фаралдо – Пат Кејси со КО 2, 2:30
Тревор Гуде – Кони Грејси со ТКО 3, 3:28

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО