Каратистите на партизан од Кочани освоија 30 медали од кои пет се златни на Меѓународниот „Ипон куп“во Лесковац, Србија, што се одржа викендот што помина, а на кого учествуваа 500 натпреварувачи од повеќе балкански држави.
Првиот златен медал за „Партизан“ го освои Кристијан Гроздановси во категорија борби – 35 килограми. Неговиот успех го повторија и Ѓорѓи Петров, Ива Таушанова, Мартина Шахинова и Василија Христиќ, која освоен во борби, во својата категорија беше најдобра и во кати.
Во екипна конкуренција во борби за каратисти родени 2004-2005 година Партизан го освои бронзениот медал.
Во генерален пласман, според бројот на освоени медали, Партизан е на третото место
Членовите на овој клуб и на Меѓународниот турнир „13 Ноември“ во организација Карате клубот „Цветан Димов“ постигнаа забележитлени резултати, Роберто Здравковски и Димитар Јакимов ги освоија првите места во своите категории во борби.
Ipon.mk/В.Д.