Каратистите на Партизан од Кочани освоија 25 медали на 16. Меѓународен карате турнир „Ипон куп 2016“ во Лесковац-Србија, од кои 23 во поединечна и 2 во екипна конкуренција.
Освоени се 9 златни медали-2 во кати, 6 во борби и 1 екипно – борби, 2 сребрени -1 кати и 1 борби и 14 бронзени -9 кати, 4 борби и 1 екипно – борби.
Со овој скор на освоени медали клубот во конечниот пласман го освои третото место по првиотр Шурикен од Бугарија со 12 златни, 10 сребрени и 11 бронзени медали и второпласираната Јошитака со 12 златни, 4 сребрени и 7 бронезени.
Меѓу освојувачите на медали се Роберто Здравковски, Ѓорги Петров, Василија Христиќ, Марија Шахинова и други.
На учествуваа 55 карате клубови од Македонија, Црна Гора, Бугарија и Србија.
Ipon.mk/В.Д.