Паркер за мечот со Џошуа: Некој ќе биде нокаутиран, а тоа нема да сум јас! (ВИДЕО)

Џозеф Паркер прогнозира дека неговиот обединувачки меч за три од светските титули во тешка категорија против Ентони Џошуа ќе заврши со нокаут. Битката ќе се одржи на 31 март во Кардиф.

„Многу сум возбуден пред претстојниот меч. Некој ќе биде нокаутиран, а тоа нема да бидам јас“, изјави Паркер кој го пофали и Дионтеј Вајлдер, кој неодамна ја одбрани титулата на Светскиот боксерски совет во неверојатна борба со Луис Ортиз.

„Многу луѓе го критикуваат Вајлдер оти пушта/удира цепаници, но беше доволно прецизен, а и нештата функционираат кај него. Ги нокаутира сите, што ќе се качат во рингот против него“, рече Паркер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО