Париз и Лос Анџелес се наредни домаќини на Олимписките игри

Париз и Лос Анџелес домаќини – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одлучи сепетемвриското Собрание истовремено да гласа за домаќините на Летните олимписки игри во 2024 и 2028, со што автоматски ќе одлучи тоа да бидат Париз и Лос Анџелес.

Тие два града беа единствените кандидати за домаќини на Игрите во 2024 година, а потоа се појави иницијатива во септември да се гласа за распределба на домаќинствата за два олимписки циклуси, кој денеска е усвоена.

Тоа значи дека членовите на Меѓународниот олимписки комитет во септември ќе гласаат само за тоа кој најдобрите спортисти на светот ќе ги угости 2024, а кој во 2028 година. Во следните два месеца ќе се разговара со претставниците на Париз и на Лос Анџелес, а можно е овие два града да се договорат кој кога ќе ги организира Игрите.

И Париз и Лос Анџелес досега два пати беа домаќини на летните Олимписки игри. Во Париз најдобрите спортисти во светот се бореа во 1900 и 1924 година, додека Лос Анџелес беше домаќин 1932 и 1984 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON