Каратистите студенти се подготвуваат за Европското универзитетско првенство (ФОТО)

Македонските каратисти кои ја сочинуваат универзитетската репрезентација на Македонија ги започнаа подготовките во Црна Гора за претстојното Европско универзитетско првенство во Куимбра, Португалија.

Костурот на екипта е од КК Макептол, и тоа: Петар Заборски -75 кг, Сара Радичевска -50 кг, Симона Заборска -55 кг, Наташа Стефановска -61 кг и Моника Стефановска -68 кг.

„Последната недела од месец јули треба да се одржи Европското универзитетско првенство. Годинава, за прв пат, на ова првенство ќе бидат здружени сите боречки олимписки спортови, односнои каратето, џудото и теквондото ќе бидат на натпреварувачките програми на Европското првенство. Одлучивме подготовките да ги направиме во Црна Гора, поточно во Бар и Сутоморе. Тренираме по два пати дневно, стадионот во Бар, кој ни ги пружа сите потребни услови за добра подготовка. Каратистите одлично се чуствуваат и се надеваме дека во следните десет дена во целост ќе ја оствариме предвидената програма“, изјави селекторот д-р Бошко Заборски.

Со екипата на Макпетрол на подготовки се и Моника Пендаровска, Анѓела Мојсовска и Петар Спасеновски (Металург).

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО