Меѓународна сценаММА

Паоло Коста до Адесања: Ќе те убијам (ВИДЕО)

Непоразениот Бразилец Паoло Коста верува дека ќе може да стане шампион на крајот на следниот месец.

29-годишниот Бразилец ќе го забложи својот непоразен статус против Израел Адесања во главната борба на УФЦ 253, што ќе се одржи во Абу Даби. Влогот е неоспорен наслов во средна категорија на организацијата. „Борачиња“ е во врвна форма и не престана да тренира последниве месеци.

Паоло заврши 12 од неговите 13 борби во ММА и само Јоел Ромеро успеа да стигне до судиска одлука пред една година. Моќниот Бразилец стави крај на девет битки во првата рунда и ќе даде се од себе во борба со Адесања, кој не престана да го навредува во последните години. Коста реши да му испрати порака на Адесања.

„Имам само едно прашање. Адесања, зошто замрзна во мечот против Јоел Ромеро? Ти не си вистински шампион. Не го заслужуваш тоа. Ќе те убијам“, му порача Коста.

https://www.instagram.com/p/CERvtysA-hh/?utm_source=ig_embed

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON