Темата со дрогата во боксот е доста актуелна од вчера, откако Тајсон Фјури беше фатен со кокаин.
Во Филипините темата е исто така доста актуелна веќе извесно време – над 3.000 дистрибутери на дрога се убиени како последица на полициски операции во последниве недели.
Мани Пакијао, кој беше избран во Сенатот во мај годинава, ги поддржува крајните мерки на претседателот Родриго Дуерте, но, го кажува и своето искуство од минатото.
„Претседателот не знае за мојот додир со дрогата. Сите ние имаме пробано“.
Боксерот призна дека употребувал дрога пред да стане шампион.
Сепак, тој ги поддржува крајните мерки во својата земја, наметнати од претседателот.
„Господ го стави на оваа позиција со причина – да ги дисциплинира луѓето. Во претходните администрации, луѓето не го почитуваа законот, возачот и властите.
Она што Дуерте се обидува да го направи е да и се покаже на луѓето дека треба да ги почитуваат законот и татковината“.