Пакијао со провокација: Ронда може да го победи Мјеведер во ММА! (ВИДЕО)

 

maywather ronda

Боксерската суперѕвезда Мани Пакиао предизвика бура вчера, за време на интервјуто, кое беше главно насочено кон одржувањето на мегаборбата против Флојд Мејведер (2-ри мај во Лас Вегас). Новинарите повторно стигнаа до неодамна широко дискутиранат тема во врска со тоа дали шампионката на UFC, Ронда Роузи, би можела да ја “среди“ 38-годишната легенда во боксот. На поставеното прашање: “Може ли Ронда да го претепа Флојд под ММА правила?”, Пакиоа го даде следниов одговор:

“Верувам дека да. Таа е силна и е доволно моќна да го победи Флојд Мејведер во ММА дуел”.

https://youtu.be/WyJwaw57CxY

Самото мислење не е ништо ново, под услов дека голем број борци и навивачи се на истото мислење главно поради неверојатните способности на Русеј во клинч и на земја. Изненадувачки е дека оваа верзија е потврдена и од еден од најдобрите боксери кој сеуште имаме задоволството да го гледаме во рингот.

Темата за освојувачката олимписки медал во џудо и нејзините хипотетички натпревари со други ѕвезди, започнува да станува прилично рутинска. Нејзините вештини постојано се споредуваат со оние на ѕвезди од секаков ранг, па дури и со оние на мажите. Ако ги додадеме и новите филмови кои се очекува наскоро да излезат со неа … претпоставуваме дека наскоро нема да се запре шпекулирањето со името на Ронда Русеј и нејзините подвизи и достигнувања.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON