Пакијао: Се согласувам и на помала цена само Мејведер да потпише договор!

Pacquiao vs Mayweather

Останува отворено прашањето дали ќе го видиме долго очекуваниот бокс меч Пакијао против Мејведер. Филипинецот веќе се согласи на сите услови, но конечниот одговор од Мејведер уште не пристигнал.

 Сепак Мани Пакијао верува оти средбата ќе се случи и дека ВБЦ и ВБА шампионот на 2 мај ќе биде на спротивната страна. Преговорите за деталите продолжуваат, но многу врева во светот на боксот предизвика веста деа Флојд Мејведер може да се бори со Мигел Котом.

 „Мислам дека до нашиот меч ќе се одржи. Поконкретно, јас верувам во тоа. Ако борбата не се случи сега, тогаш мислам дека никогаш нема да се случи. Сега е време. Процентуално, тоа е мое мислење, 80-20 се шансите да се случи. Мислам дека Мејведер е под притисок. Нема алиби. Крвниот тест не е проблем. Промоторот Боб Арум повеќе не е проблем, така што сега нема повеќе проблеми“, изјави за Рингсајд Пакијао, носител на титулата шампион на ВБО.

 „Притисокот му го прават навивачите. Им реков дека се договоивме за се согласи и дека правилата не се проблем. Ако сакате да се земете повеќе, јас сум среќен и со тоа. Ќе земам 40 отсто во споредба со неговите 60 проценти. За мене тоа е во ред, заради добробитта на боксерските навивачит. Го чекаме да го потпише договорот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON