Фото илустрација за силата и болката во ММА (ВИДЕО)

udar so noga

Мешаните боречки вештини (ММА) се поврзани со тешки вежби и многу претрпени болки. Доследен доказ за ова стана фотографијата на фоторепортерот од „Асошиејтед прес“ за време на дуелот за светската титула во средна категорија на „Интернешенел Про комбо“ меѓу Бразилецот Витор Нобрега и Ирецот Филип Малпитар. На фотографиите е фатен момент во кој Нобрега нанесува исклучително моќен и чист ножен удар во телото на својот ривал. Мавашито на Бразилецот, буквално, го искривува торзото на Малпитар. Ефектот на сликата е засилен и од тетоважата на грбот на Ирецот, која исто така жестоко е искривена од ударот со нога на Нобрега .

Во крвавиот судир меѓу двајцата борци, Бразилецот Витор Нобрега ја сочува светската титула во мечот во „Есторил казино“, нанесувајќи му го шестиот пораз на 13 средби на спаринг партнерот во УФЦ на Конор Мек Грегор.

http://youtu.be/TWY4MEk-Y9g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО