Подготовките за мечот меѓу Мани Пакијао и Флојд Мејведер течат со полна пареа.
Откако веќе „Пакман“ покажа дека започнал со тренинзи, тој одвои време и за другата важна работа – песната со која ќе излезе во рингот.
Филипинецот изјави дека ќе направи големо шоу со појавата и ќе сними сопствена песна за излегувањето.
Во моментов тој ја снима песната „Lalaban Ako Para sa Pilipino“ , што во превод значи „Се борам за Филипините“.
http://youtu.be/yV6HKrC-d48