Пакијао ја поддржа кадидатурата на Филипините за домаќин на Светското првенство во кошарка!

Mani igra kosarka

Професионалниот боксер Мани Пакијао, супер ѕвезда во својата земја, вчера ја поддржа кандидатурата на Филипините за домаќин на Светското првенство во кошарка во 2019 година, пренесува Франс прес од Филипините. Пакијао следниот месец ќе биде вклучен во делегацијата на Филипините во Токио, каде што ќе биде избран домаќинот на Светското првенство во 2019 година.

Мани Пакијао, е познат по тоа што е прв и единствен светски шампион во професионален бокс во осум категории, а е голем обожавател на кошарката. Минатата година Мани Пакијао стана играч и тренер на професионален кошаркарски клуб од Филипините, кој како тренер се одредуваше за стартер во првите натпревари. Пакијао е висок 1,69 метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО