Светскиот шампион во полусредна категорија на Светската боксерска организација (ВБО) Мани Пакијао направи неконвенционален потег за следниот дуел, кој според планот треба да се одржи во Обединетите Арапски Емирати.
Филипинската легенда направи анкета на социјалната мрежа Твитер и ги праша фановите кој сакаат да биде следниот ривал.
Можни варијанти се четири: Амир Кан, Џеф Хорн, Теренс Крафорд и Кел Брук. Четири часа пред крајот на анкетата гласале 31.290 лица, а фаворит на фановите очекувано е Амир Кан, кој добил 48 отсто од гласовите.
https://twitter.com/mannypacquiao/status/830845509203922944
Следниот можен противник е Кел Брук со 27 проценти, Теренс Крафорд со 20, а за Џеф Хорн гласале само шест.
Уште при враќањето на Пакијао во професионалниот бокс минатата година се зборуваше дека токму мечот со Кан би бил најпривлечен, не само за фановите, туку и за експертите.
Пакијао ја освои светската титула на Светскиот боксерски совет во почетокот на ноември 2016 година по победата над Џеси Варгас во Лас Вегас.
https://youtu.be/SyaGyc_4iVo
.