Мани Пакијао по победата над предизвикувачот Адриен Бронер беше категоричен.
„Господ ми подарил здравје и затоа можам да се борам и со 40 години. Можев да бидам и поагресивен, но ме советуваа да чекам на контра“, истакна по мечот Пакијао, кој не можеше да издржи а да не го прозива Мејведер.
„Кажете му да се врати во ринг и да се бориме. Подготвен сум и сакам повторно да се борам против него, ако е подготвен да се врати на боксот“, рече Пакијао, кој загуби од Мејведер во 2015 година.