Home Blog Page 2565

Комисијата на Невада ќе му издаде боксерска лиценца на Мек Грегор

Американската атлетска комисија на Невада е подготвена да му издаде бокс лиценца на Конор Мек Грегор, за да може да се сретне со Флојд Мејведер во Лас Вегас.

Конор веќе доби дозвола за Калифорнија, но не е тајна дека Мејведер во принцип боксира во Вегас. Деновиве се зборуваше дека двајцата речиси се договориле за меѓусебниот меч, ова колку и да изгледаше нераелано до пред неколку месеци.

Сосема е јасно дека судирот меѓу Конор и Флојд ќе генерира астрономски приходи, вклучувајќи го и градот, кој ќе биде домаќини на мечот. Знаејќи го тоа, Атлетската комисија на Невада е подготвена да му издаде лиценца на Мек Грегор, потврди нејзиниот извршен директор Боб Бенет.

„Дали Комисијата на Невада би помислила на бокс дуел меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор? Секако дека би го направиле. И, дефинитивно би сакале мечот да се одржи во главниот град во светот на борбите. Која комисија не би сакала двајцата најголеми борци на планетата да се борат во нејзината држава“? , изјави Бенет.

Но пред да ја добие лиценцата во Вегас, Мек Грегор ќе треба конечно да си ја плати казната поради инциденот со Нејт Дијаз минатата година.

Златко Петровски најавува продлжување на победничката серија во Врање

Златко Петровски успешно ги помина мерењето и соочувањето со противникот за настанот Гладијаторс фајтинг чемпионшипс 2 во Врање – Србија.

Петровски во профи борбите на ММА делот во категоријата до 75 килограми ќе се сретне со Бобан Обрадовиќ.

Златко Петровски досега нема пораз, а неодамна откажа една борба, но како и секогаш тој е уверен во себе и верува во победата.

Ipon.mk/В.Д.

Федор ги советуваше младите борци кои сакаат да бидат како него (ВИДЕО)

Покрај отворениот тренинг, Федор Емилијаненко се подружи со медиумите и во таа прилика, на барање на новинарите и подели совети на сите млади борци кои би сакале да бидат како него.

„Сите луѓе кои сакаат да станат шампиони мораат својатастраст да ја поткрепат со многу напорна работа. Секако дека не треба да се гледаат како личности поголеми и подобри од другите, бидејќи подоцна може да имаат голем пад. Мора да ја искористите целата енергија за да ги постигнете резултати и целите. Мора да се однесувате како човечко суштество и на исо да ги третираат другите луѓе. Остатото ќе зависи од Божјата волја“, гласеше советот на Федор.

За време на ова дружење, беа неизбежни прашања за неговиот следен противник …

„Мет Митрион е многу добар борец со силни удари и со брзо и тешки раце“, рече популарниот тешкаш, а на прашањето зошто одлучил да се бори со него, одговори кратко:

„Белатор понуди, а јас прифатив“.

Легендарниот Русин во овој разговор призна дека големата популарност многу го заморува, но даде проценка за неговата сегашна форма.

„Се чувствувам добро и сум во добра форма. Работата со млади борци ми докажа дека во споредба со нив отприлика сум изденачен во брзината и физичката форма“, заклучи Федор.

.

Тефејуз нема да учествува на Изборното првенство за јуниори

 

Борачите на Тефејуз од Скопје може да не настапат на Изборното првенство за јуниори во Прилеп во недела.

„Не е логично два пати едно по друго првенството да биде на исти град, кој по прилично е оддалечен од Скопје. Поради немање на пари најверојатно нема да настапиме на Изборното првенство за јуниори, бидејќи за Изборното за У-23 се потрошивме, а имаме борачи кои го покажаа својот квалитет“, вели тренерот на Тефјуз Назми Али.

Тој потсети дека на Собранието на ФБСМ било дадено ветување дека ќе се помагаат клубовите.

Фергусон за заканата на Хабиб дека ќе заврши како Минотаур:„Ја повторуваш грешката на дон Ањош“!

„Ако Тони Фергусон ми ја подаде неговата рака, ќе скршам како што Френк Мир му ја скрши на Ножеира“, се закани пред неколку недели Хабиб Нурмагомедов. Но, се чини дека зборовите на непоразениот дагестански борец воопшто не го потресоа „Ел Цуцуи“ кој во разговор со Фајт хаб му испрати порака на противникот кој ќе го чека на УФЦ 209.

„Тој лик вели дека сака да ми скрши раката, но ќе ви го кажам она што им го зборував на другите. Сакам да го држам своето новородено дете. Еднаш ја скршив раката, но истиот човек со истата рака го пратив во нокаут. Ќе му врзам шлаканица ако се обиде да ми скрши раката. Слободно пробај, а ако се обидеш, ќе имаш проблеми затоа што ќе те нападнам со се што ми преостанува. Имам лакти, колена, удари со нозе …

Ќе те удирам со се што имам. Подобро ти е да се фокусираш на оваа борба, а не на Мек Грегор, пријателе. Гледаш премногу далеку и ја правиш истата грешка како Рафаел дош Ањош. Тој лик не може да ми прави проблеми и нема да ме натера да се откажам“”, изјави Фергусон.

Овој долго очекуван двобој во лесна категорија на карјот на краиштата би требало да се одржи на 4 март во Лас Вегас во Т-Мобиле арената, а по него ќе го дознаеме привремениот шампион и следниот предизвикувач за Конор Мек Грегор.

Јадранската лига во џиу џицу почнува во сабота од Херцег Нови

На турнирот во Херцег Нови (Црна Гора) на 18 февруари од нашата земја ќе патува екипа од 25 луѓе, од кои 16 борци, тренери, доктор. Во исто време ќе се одржи и првото коло од Јадранската лига, а Македонија ќе ја претставува ЏЏК Осенсеи-Балекс.

На турнирот ќе настапат натпреварувачите од ЏЏК Осенсеи и ЏЏК Дан кју:
1.Кристијан Костов Кадети – 60 кг
2.Филип Денков Мл.Пионири – 42 кг
3.Ева Димитрова Ст.Пионири – 48 кг
4.Станислав Грпов Ст.Пионири -34 кг
5.Данил Николиски Ст.Пионири – 34 кг
6.Христијан Јованов Кадети – 81 кг
7.Ивана Василева Кадетки – 57 кг;

Дан кју:
1. Дарко Стојановски Деца +42
2. Зоран Колевски Деца -27
3. Јаким Колевски Деца -30
4. Катерина Ацевска Ст.Пионери +62
5. Давид Дамовски Ст.Пионери +52
6. Калин Кирковски Мл.Пионери -48

Во првото коло на „Јадранската лига“ ќе се борат:
1.Кристијан Костов -62 кг
2.Дарко Герасимов – 69 кг
3.Кирил Иванов – 77 кг
4.Христијан Јованов -85 кг
5.Виктор Велинов -94 кг
Тренери се: Виктор Велинов и Александар Ацевски и судијата Стојанче Александров.

Ipon.mk/В.Д.

 

Тупурковски и Вренези разговараа за развојот на борењето

На средбата во Македонскиот олимписки комитет (МОК) меѓу претседателот на МОК, Васил Тупурковски и претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, се разговараше за унапредувањето на борењето, едукација на тренери по борење, развојот на младинското и сениорското борење, како и развојот на борењето во женска конкуренција.

Тема на разговор беше и договорот односно соработката со претседателот на ОБС/UWW (Обединето светско борење), Ненад Лаловиќ и претседателот на Европската федерација во борење (ОБС-Европа), Цено Ценов, во однос на унапредување на борењето во Македонија. Договорено е следната недела МОК и ФБСМ заеднички да организират камп за пионери и младинци, потенцијални кандидати за учество на следните младински Олимписки игри 2018 година, како и на летните Олимписки игри Токио 2020.

На крајот на средбата, претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, му се заблагодари на Васил Тупурковски и на МОК за големата подршка која ја дават на борењето и на нашите најдобри борачи.

Ipon.mk/В.Д.

Отворен тренинг на Федор Емилијаненко пред мечот со Митрион (ВИДЕО)

Федор Емилијаненко овој викенд ќе ја одработи првата борба во САД од 2011 година.

„Последниот император“ на Белатор во Сан Хозе се бори против Мет Митрион. Русинот го одработи отворениот тренинг во салата Американска кик бокс академија.

Белатор 172:

Федор Емилијаненко – Мет Митрион

Џош Томсон – Патрики Фреир – Питбул

Чеик Конго – Оли Томпсон

Џош Кошчек – Маурисио Алонсо

.

Турчин се закани дека ќе му ги скрши забите на Головкин

.

Авни Илдирим (Турција) ќе му гискрши забите на тоталниот бокс хегемон во средна категорија Генади Головкин.

Заканата ја испрати менаџерот на Турчинот, Ахмет Онер. 25-годишниот талент има 14 победи (9 со нокаут) од 14 натпревари. Головкин е со импресивни 36 победи (33 со нокаут).

„Средабата на Илдирим и Головкин ќе биде битката на векот. Головкин оди напред, исто како и Авни. Генади секогаш се бори со ривалите, кои се помали од него. Сега ќе биде поинаку. Авни не само што ќе го разнесе во рингот Головкин, туку и ќе му ги скрши забите, како што го направи тоа со Џејмс Дигејл“, рече Онер.

Всушност, Илдирим му скрши заб на Британецот во текот на спарингувањето.

https://youtu.be/xfPf1_jQvnw

.

Вајлдер со порака до Вашингтон: Не знаеш што те чека

Дионтеј Вајлдер возврати на нападите од страна на својот следен ривал Џералд Вашингтон кои ќе се сретнат на 25 февруари во Бирмингем (САД).

Мечот е за титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија. Шампионот Вајлдер се враќање меѓу јажињата откако ја залечи повредата на раката.

„Вашингтон не е свесен за она што го очекува. Претпоставувам дека го обзеде возбудата од шансата да се бори за титулата. Зборувреше многу гласно, но нема поим дека ќе се бори против еден од најопасните боксери во категоријата. Мило ми е што има намера да се бори. Тоа е гаранција дека потоа нема да се оправдува“, рече Вајлдер.

.

IPON