Падот на допинг тест му се заканува одземање на титулата на Били Џо Сандерс

Спортската комисија на државата Масачусетс му ја откажала боксерската лиценца на шампионот во средна категорија Били Џо Сандерс, така што го упропастува претстојниот многу очекуван дуел со Деметриус Андраде на 20 октомври – главниот настан на галавечерта организирана од Мечрум во ТД Гарден во Бостон.

Причината е неуспешен допинг тест, откриената супстанца се смета дека е оксихолфрин. Тоа значи дека ВБО најверојатно ќе му го одземе појасот на Сандерс, за кого ова требаше да биде четврта одбрана против официјалниот предизвикувач на организацијата.

Сепак, галавечерта нема да остане без основен настан информира ЕСПН – едноставно Андраде ќе се сретне со Валтер Каутондокв за испразнетата привремена титула, додека не биде јасна судбината на Сандерс.

Еди Херн изрази разочарување од пропаднатиот допинг тест, но изрази надеж дека и покрај се Андраде ќе го подигне шампионскиот појас на 20 октомври, кој ќе го доближи до нивото на Канело Алварез, Генади Головкин и Даниел Џејкобс во средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО