Раководството на светската боксерска асоцијација АИБА го отстрани Извршниот директор Карим Бузид поради спорните судиски одлуки на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро. Бузид беше ангажиран за одредувањето на судиите за средбите и контролата врз судиите.
До крајот на Игрите неговата работа ќе ја преземе шефот на Извршниот комитет на АИБА и претседател на Европската боксерска асоцијација, Франко Фалчинели.
Голем број боксери беа незадоволни од судиските одлуки во Рио де Жанеиро и остро ги критикуваа арбитрите. Од АИБА исто така вчера признаа дека „одлуките на судииите не биле на нивото на кое се очекувало да бидат“.