Оверем му предвидува нокаут на Миочиќ: Гладниот волк трча побрзо од ситиот!

Overem muskuli

Алистер Оверем е еден од најдобрите страјкери во тешка категорија на УФЦ, а наскоро ќе добие и можност да стане шампион на дивизијата, застанувајќи против актуелниот носител на појасот Стипе Миочиќ.

Холанѓанецот е во успешна серија од четири последователни победи, тој е сигурен дека ќе го нокаутира шампионот.

„Имам само едно порака. Волкот, кој е гладен, секогаш трча побрзо од волкот, кој стои на врвот на планината и се одмора со полн стомак. Токму тоа го гледам тука и сега. Тој се радува на титулата, стоејќи на врвот на планината, додека јас работам. Откако го победив Арловски се вратив директно во салата и не престанав да тренирам. Цело време работев за она што ќе се случи на 10 септември“.

Стипе Миочиќ (33 г.) има 9 победи и 2 порази, откако дебитираше на УФЦ 136 против Џои Белтран. Неговите порази се против Стефан Струве и Жуниор дош Сантош, а последната серија е три последователни победи против Марк Хант, Андреј Арловски и Фабрицио Вердум.

Од друга страна, Оверем има четири последователни победи и вкупно шест откако се бори во УФЦ. Трите порази до сега ги забележа против Антонио Силва, Тревис Браун и Бен Ротвел.

Холанѓанецот е на мислење дека владеењето на Миочиќ како шампион на УФЦ ќе заврши за еден месец. Запрашан како би ја прогнозирал средбата, Холанѓанецот возврати: „Нокаут во втората или третата рунда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО