Оверем го нокаутира Хант, Вудли ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Тајрон Вудли (17-3-1, 7-2-1 УФЦ) по втор пат ја одбрани титулата на УФЦ во полусредна категорија.

Првата борба со Стефен Томпсон (13-2-1, 8-2-1 УФЦ) во ноември минатата година заврши нерешено со мнозинска одлука на судиите, а во главната борба на УФЦ 209 во Лас Вегас Вудли славеше со мнозинска одлука на судиите – 48-47 , 47-47, 48-47.

https://www.facebook.com/mmaoutsiders/videos/803761806441522/

Алистер Оверем (42-15, 7-4 УФЦ) по втор пат беше подобар од Марк Хант (12-11-1, 7-5-1 УФЦ). Во првата борба во 2008 година славеше со сабмишн, но во реваншот по девет години со нокаут.

Во текот на првите две рунди Оверем ги користеше сите техники на кикбоксот, Новозеландецот, кој го тужи УФЦ, успеа да го здрма рем со лактот во втората рунда.

Откако го избегнуваше противникот по првата минута во третата рунда, Оверем го погоди Хант покрај жицата со левиот лакт и да заврши со коленото во клинчот.

И двајцата беа во мечот влего по порази. Oверем од Стипе Миочиќ и Хант од Брок Леснар.

Мирсад Бектиќ (11-1, 4-1) го доживеа првиот пораз во кариерата. Борец по потекло од БиХ убедливо ја доби првата рунда, но Дарен Елкинс (22-5, 12-4 УФЦ) не даде да биде скршен. Сто секунди пред крајот со удар со коленото во телото, па со рацете и со висок удар го нокаутира Бектиќ.

Рашад Еванс (19-6-1, 14-6-1 УФЦ) во дебито во средна категорија е поразен со поделена одлука на судиите од Дан Кели (13-1, 6-1 УФЦ) и Марчин Тибура (15-2, 2- 1 УФЦ) со удари од доминатна позиција во третата рунда го победи Бразилецот Луис Енрике (10-3, 2-2 УФЦ).

https://youtu.be/SZiAuIOLy_s

Ландо Ваната (9-2, 1-2 УФЦ) кој во декември на импресивен начин го нокаутира Џон Макдеси, загуби од Швеѓанецот Дејвид Тејмур (6-1, 3-0 УФЦ) со одлука на судиите.

УФЦ 209:

Тајрон Вудли – Стефен Томпсон (мнозинска одлука на судиите, 48-47, 47-47, 48-47)

Дејвид Тејмур – Ландо Ваната (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)

Даниел Кели – Рашад Еванс (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)

Синтија Калвило – Аманда Купер (сабмишн, давење од позади, Р1)

Алистер Оверем – Марк Хант (КО, Р3)

 

Марчин Тибура – Луис Енрике (ТКО, Р3)

Дарен Елкинс – Мирсад Бектиќ (ТКО, Р3)

Лури Алкантара – Лука Сандерс (сабмишн, нибар, Р2)

Марк Гадбер – Даниел Шпиц (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)

Тајсон Педро – Пол Крег (ТКО, Р1)

Алберт Моралес – Андре Саукхемтет (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО