Ова е сликата што ќе влезе во историјата: Како падна големиот Владимир

Ова е фотографијата која ќе влезе во историјата на спортот. 27-годишниот Британец Ентони Џошуа по епскиот меч го прати во историјата Владимир Кличко и заклучи една боксерска ера. Веднаш ја споредија со култната фотографија на Мухамед Али по уривањето на Викторе Листон, додека мечот на Џошуа и Кличко потсети на легендарната борба Тајсон и Холифилд.

Во најдобриот и најважниот меч во својата кариера, големиот Украинец потпиша пораз. Три пати паѓаше, три пати стануваше и на крајот на неговата кариера докажа дека може да боксира возбидливо како непреалените шампиони од 90-тите години. Замина како шампион, а неговиот пад во 11 рунда ќе остане историски забележан. 11 годишната доминација ја урна храбриот Британецот. И тој беше во нокдаун, се тетаравеше и земаше воздух. Беше во најтешка ситуација во неговата кариера, затоа што никогаш не маше подолг меч од седум рунди. Изржа и во спектакуларниот финиш и конечно го заврши Кличко.

„Ако не се обидете, никогаш нема да успеете. Што да кажам, не сум совршен но се трудам. Важен е карактерот. Ако можам јас, можете сите“, и порача на публиката новиот шампион.

„Знаев дека морам да пласирам удари. Јас сум нокаут човек“, додаде од рингот го повикан Тајсон Фјури, кој подгреваше атмосферата во пресрет на натпреварот.

Исус му среди за билети, но Фјури не се појави. „Каде си, Тајсон? Би морал нешто да им вратиш на луѓето кои платија влезници, само се 90.000, но ништо не видоа“.

Сепак, видоа многу, Накрајот на епскиот меч, пресуди аперкат во брадата на Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО