АктуелноБоксПрофесионален

Откриен потенцијалниот противник на Крaфорд, мечот би се одржал во првата половина од следната година

Шампионот во супер средна категорија, Теренс Крофорд, се подготвува да се врати на рингот по големата победа над Канело Алварез.

38-годишникот од Небраска влезе во историјата на боксот во септември кога со едногласна одлука  ја победи мексиканската супер ѕвезда.

Бад стана првиот борец во историјата што ја освои неприкосновената шампионска титула во три тежински категории, подвиг што претходно го постигна во супер лесна и велтер категорија.

Се шират гласини за следниот потег на Крофорд, но во моментов нема конкретни информации освен дека се очекува да се врати на рингот во првиот квартал од 2026 година.

И според медиумската платформа ТВ Ацтека, Крофорд наводно е во преговори за реванш со Канело. А мексиканската икона потврди дека негов приоритет е реванш со Бад.

„Канело зборуваше во својот дом за своите планови за следната година и најави разни спортски проекти. Исто така, повтори дека негов приоритет е реванш со Теренс Крофорд. Тој изјави дека преговорите се во тек и нагласи дека местото на одржување ќе се дискутира посебно доколку се договори борбата“, напиша ТВ Ацтека во објава на социјалните мрежи.

Канело моментално се опоравува од повредата на левиот лакт што ја доби за време на борбата со Крофорд. Мексиканецот ќе биде подготвен да се врати на рингот до средината на следната година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON