Откажани светските квалификации за боксерскиот турнир на Олимписките игри во Токио

Конечните светски квалификации за боксерскиот турнир на Олимписките игри во Токио се откажани.

Последните кавлификации за место на Игрите требаше да се одржат во јуни во Париз, каде требаше да се извлечат 53 квоти – 32 за мажи и 21 за жени. Наместо тоа, местата во Токио ќе пополнат со најдобро рангираните боксери по категории од секој регион.

Европскиот квалификациски натпревар, кој веќе беше одложуван два пати, ќе се одржи во јуни, а се уште не е јасно кој ќе биде домаќин.

Според Работната група на МОК во боксот, потребни се измени во системот на квалификации, за да се обезбедат еднакви можности на претставниците на различни региони да најдат место на Олимписките игри.

„Сакам да се заблагодарам на работната група во боксот што ги слушаа нашите совети и ги ставија на прво место здравјето и безбедноста на спортистите. Секој заслужува фер шанса да учествува на Игрите и да има доволно време да се опорави и да се подготви за Токио“, рече Мари Ком, шесткратен светски шампион, носител на бронза од Лондон 2012 и сигурен учесник во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО