Откажани борбите Чисора – Хелениус и Вајт – Вах

За само 24 часа се откажани две добри тешкашки борби.

Роберт Хелениус требаше да се бори за сребрениот појас на ВБЦ во реваншот против Дерек Чисора ​​на 27 мај во Хелсинки.

„Жални е што мораме да го одложиме овој настан, но поради многу фактори ова беше нужна одлука“, рече промоторот Нисе Зауерланд, додавајќи дека борбата ќе се одржи по летото.

Мечот Чисора и Хелениус првично беше најавен како борба за задолжителен предизвикувач на Дионтеј Вајлдер, а ВБЦ неодамна го вклучи Владимир Кличко на второто место на својата листа и со тоа го отвори патот за борба против Американцот и веројатно ги турна Чисора и Хелениус во втор план.

Дилијан Вајт ја откажа борбата закажана за 3 јуни против Мариуш Вах, заради повреда на ногата, и се чини дека нема намера да се бори со Полјакот по опоравањето.

„Дилијан е на чекор до борбата за титулата и ние не може да си дозволи да влеземе во борбата кога не сме 100 проценти подготвени. Го очекуваме неговото враќање во јули, пред да се бори за светската титула кон крајот на оваа година“, изјава промоторот на Јајмаканецот Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON