Откажан е УФЦ 233 на 26 јануари во Анахајм.
Прво беше планирана главната борба меѓу шампионот во бантам ТЈ Дилшоу и првакот во мува категорија Хенри Сехудо која е префрлена за првиот настан на УФЦ на ЕСПН + на 19 јануари.
Покрај тоа, Доминик Круз повторно се повреди и не е на располагање за борба со Џон Линекер.
Промоцијата не можеше да пронајде нова главна борба, па го откажа настанот.
Другите договорени мечеви би требало да бидат префрлени на други настани.
Во Анахајм за УФЦ требаше да го дебитира поранешниот шампион на Белатор и ОНЕ, Бен Аскрен, во меч со Роби Лоулер. Требаше да дебитира и Крон Грејси со Алекс Касерес.
Покрај тоа, на истиот датум Белататор во не така далечниот Инглвуд го одржува финалето на својот Гран-при во кое се среќаваат Федор Емелијаненко и Рајан Бадер.
Ова е втор пат во последните две години овој град да остане без настанот на УФЦ.