Откажан таеквондо турнирот „Охрид опен 2020“

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец –Охрид не известија дека го откажуваат Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2020“, кој требаше да се одржи на 20 јуни во СРЦ „Билјанини извори“  под покровителство на генералниот спонзор ПН Метал и Општина Охрид. 

Претседателот на  Македонската ИТФ и претседател на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски, вели дека турнирот е најавен од  минатата година и дека  е ставен на официјалната старна од ИТФ и покрај сите направени подготовки за одржување на турнирот се откажува поради ситуацијата со коронавирусот на Ковид-19 вирусот. Тој истакнува дека цело време се надевале оти ќе се подобри ситуацијата и ќе се направат услови за одржување на турнирот.

Минатата година турнирот помина во одлично издание и беше извонредно пруфатен од сите, но беше и една голема на реклама на Охрид како исклучитетел туристицки центар во Европа. Поради сето ова учесниците турнирот го нарекоа „турнир за паметење”. Ланската претстава предизвика голем интерес па годинава беа најевени  поголем број на учесници од повеќе држави, а се планираше и едно борилиште плус.

„Иако нема да го органзираме оваа година нашиот турнир, сепак сакаме да се заблагодариме на генералниот спонзор „ПН Метал“ и Општина Охрид кои застанаа зад нас за организирање на  турнирот, како минатата така и оваа година,со надеж дека наредната година ќе има услови за повторно да го организираме.                                                                                                                                                                    Исто така, имавме пријавено екипа за учество на Европското таеквондо ИТФ првенство, кое требаше да се одржи 19-26 април 2020 во Прага-Чешка, кое не се одржа туку се одложи за средината на август. Не знаеме како ќе се одвива ситуацијата со Ковид-19, иако се е резервирано за ЕП. И додека  во сите држави  се почнати со тренинзи, нашите натпреварувачи се одржуваат индивидуално, секој за себе во домашни услови“, вели Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО