Отфрлени се обвиненијата против Конор Мек Грегор дека силувал жена во тоалет на финалето на НБА

Мек Грегор сега е слободен и се испостави дека нема докази против него, па барем кога станува збор за овој случај, тој е слободен.

Во јуни оваа година се одржа НБА финалето на кое специјален гостин беше популарниот Конор Мек Грегор. Покрај тоа што во таа прилика ја нокаутираше маскотата на Мајами Хит, тој беше обвинет и за обид за силување жена во тоалетот на салата, за што беше и под истрага во следните месеци.

Сепак, денеска се појави вест дека Мек Грегор е слободен човек и дека обвиненијата се отфрлени. Како што пренесува ММА Џанки, судот издаде соопштение во кое се наведува дека нема доволно докази против Мек Грегор во овој случај и дека правната постапка против него нема да продолжи.

Според споменатото писмо, истражителите ја испрашале наводната жртва, која во тој момент била во тоалетот и дошле до заклучок дека не забележале „никакви знаци на шок или нешто друго што би укажало на фактот дека нивната средба не била доброволно со двете страни”. Исто така, не најдоа ниту докази за нејзините тврдења дека НБА и понудила 100 илјади долари за да го прикрие целиот случај и да го премолчи, а тоа тврдење го прогласија за „категорично неточно“.

Така, Мек Грегор сега е слободен и испаѓа дека нема докази против него, па барем кога станува збор за овој случај, тој е на слобода.

Конор неодамна се приклучи на програмата за тестирање дрога на УСАДА, иако неговиот случај беше камен на сопнување кога станува збор за соработката на УФЦ и УСАДА. Сè уште не е познат датумот на неговото враќање, а се шпекулира дека тој би можел да биде главен на настанот УФЦ 300 во првата половина на 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON