Осум од 12 стипендисти на МОК за ОИ во Токио 2020 се од боречките спортови (ФОТО/ВИДЕО)

Осум од 12 спортсити кои ќе бидат стипендирани од Македонскиот олимписки комитет (МОК) се од боречките спортови, кои и најмногу и имаат донесено медал на Македонија од олмпијадите. Четворица каратисти, двајца борачи и по еден таеквондист и џудистка се спортистите од боречките спортови, а останатите се тенисерка, пливач, атлетичар и натпреварувачка во спортско стрелаштво кои ги потпишаа стипендиски договори со МОК како поддршка на нивните програми за настап на Игрите во Токио во 2020 година.

Тројца од нив ќе добиваат по 800 долари месечно во наредниот период, останатите деветмина по 625 за исполнување на сонот да бидат дел од најголемиот светски спортски настан по три години. Средствата се наменети за реализација на развојните стратешки програми на секој од потенцијалните претставници на Македонија на Олимпијадата во Јапонија.

„Резултатите, а не стипендиите се услов за учество на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Стипендијата не значи и предност во однос на другите спортисти туку служи единствено како дополнување на финансиските обврски за реализација на плановите и програмите на спортистите кои се предложени од соодветните национални спортски федерации. Списокот не е конечен и може да биде подложен на промени“, стои во соопштението на МОК.

Листата на спортисти кои потпишаа стипендиски договори со МОК за олимписките Игри во Токио во 2020 година
Дејан Георгиевски (таеквондо) – 800 долари
Берат Јакупи (карате) – 800 долари
Емил Павлов (карате) – 800 долари
Лина Ѓорческа (тенис) – 625 долари
Дарио Ивановски (атлетика) – 625 долари
Арбреша Реџепи (џудо) – 625 долари
Нина Балабан (спортско стрелаштво) – 625 долари
Наташа Стефановска (карате) – 625 долари
Пуликсенија Јованоска (карате) – 625 долари
Евгениј Поп Ацев (пливање) – 625 долари
Елмедин Сејфулау (борење) – 625 долари
Магомедгаџи Нуров (борење) – 625 долари

Европскиот шампион во таеквондо, Дејан Георгиевски, верува во себе и е убеден дека ќе обезбеди виза за Олмписките игри во Токио 2020.

„Денеска сум многу среќна зашто Олимпискиот комитет ме избра меѓу 12-тте натпреварувачи, каде како џудистка учествувам за Македонија“, рече Арбреша Реџепи, џудист.

Од денес официјално од сите страни ќе бидам под грижа на Меѓународниот олимписки комитет. Ова покажува дека јас од денес ќе бидам 100% професионалец во областа на каратето“, изјави Берат Јакупи – каратист.

„Верувам дека од тројцата кандидати во машка конкуренција можеме да се надеваме учество на ЛОИ во Токио 2020 година. Конкуренцијата ќе биде голема, но јас се надевам на најдобро“, изјави тренерот на македонската карате репрезентација Сашко Арсовски.

Елмедин Сејфулаху вели дека ова е мотивација за него и дека ќе даде се од себе да обезбеди виза за Олимпијадата во Јапонија.

„Имаме исклучителна шанса по неколку „посни“ години да имаме претставници на ЛОИ во ТОКИО 2020 година Наши адути се Сејфулаху и Нуров, но и Владимир Егоров може да обезбеди норма. Сите тројца ќе учествуваат на сите квалификациони турнири. Верувам дека нема да разочарат“, изјави потпретседателот на ФБСМ, Дејан Богданов.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON