Карате клубот Макпетрол освои 8 медали – 4 сребрени и 4 бронзени медали на Меѓународниот карате турнир „Бјелина опен – Ноќ на шампионите 2022“ во Бјелина, Босна и Херцеговина.
Учество на турнирот земаа 639 спортисти од 73 клуба од 10 држави.
Макпетрол настапи со 10 спортисти во борби во поединечна конкуренција.
Во тешка конкуренција и претежно во сениорскиот дел од програмата, успеаја да освојат вкупно осум медали, од кои по четири сребрени и бронзени медали.
Медалите ги освоија:
1. Ангела Мојсовска сребрен медал , сениорка +68 кг
2. Стефан Стојановиќ сребрен медал, сениор +84 кг
3. Витомир Трајковски сребрен медал , сениор -84 кг
4. Јована Мицовска сребрен медал , Јуниорки -59 кг
5. Петар Заборски бронзен медал, сениори -75 кг
6. Давид Петков бронзен медал, сениор -75 кг
7. Викторија Јовановска бронзен, У21 -61 кг
8. Викторија Јовановска бронзен, сениорки, -61 кг
Спортистите Глигор Петков, Димитар Лозановски и Данило Божовиќ не успеаја да освојат медал на овој силен турнир.
„Овој турнир за нас имаше пред сè контролен карактер. Контролата ја направивме во извонредна конкуренција со квалитетни натпреварувачи од Србија и Црна Гора, и комплетната репрезентација на Босна и Херцеговина. Задоволни сме од моменталната спортска форма, која во моментов уште не е на највисокото ниво. Сите спортисти кои настапија имаа по повеќе борби во своите тежински категории и тоа со добри и квалитетни натпреварувачи. Затоа точно можевме да ги видиме сите предности кои ги имаме но и недостатоците кои треба да ги поправиме. За сениорите ова беше одлична контрола, бидејќи тие на 25 септември заминуваат за Турција, да земат учество на Светските универзитетски игри на боречки спортови кои ќе се одржат во Самсун“, изјави тренерот Бошко Заборски.