Сеишин вчера на меѓународен џудо турнир за кадети и сениори во Приштина, Косово, освои 8 медали – 2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени.
Медалите ги освоија:
Кадети
1.Теона Настоска – бронзен
2.Никола Магдески – бронзен
Сениори
1.Теона Настоска – златен
2.Александра Најдоска – златен
3.Марио Цинцароски – сребрен
4.Стефан Талески – бронзен
5.Михаел Конески – бронзен
6.Кристина Мантароска – бронзен
На турнирот учествуваа натпреварувачи од 9 држави – Полска, Словачка, Црна Гора, Бугарија, Косово, Албанија, Хрватска, БиХ и Македонија.
Тренерите Дејан Мицкоски и Мартин Ристески кои ја водеа екипата се задоволни од освоените резултати, истакнувајќи дека добри борби прикажале и Борис Џагадуроски и Михаел Димоски.