Најмладите џудисти на Пролетер од Прилеп викендов освоија осму медал на Меѓународниот турнир „Олимпија“ во Софија, Бугарија.
Најуспешни беа Петрески Мартин до 27 кг и Кироваков Марко 30 кг, при што во финалето совладаа противници од Грција и Бугарија. Сребрени медали освоија Павлоски Михаил 30 кг и Димеска Теодора до 44 кг. На трето место беа Галески Тадеј 27 кг, Самарџиоска Марио 48 кг, Спиркоски Давид 42 кг и Георгиоски Јордан 50 кг.
На трурнирот учетвуваа 400 натпреварувачи.
Надежите беа предводени од искусниот селектор и тренер на Пролетер, Славе Димитријоски.
Да потсетиме дека екипата на Пролетер (мажи) на Државното екипно првенство во Прилеп стана шампион на Македонија, совладуваќи ги Миоки од Скопје и Сеишен од Прилеп.
„Екипата беше составена само од членови на матичниот клуб, додека во другите екипи имаше и членови од бугарската џудо репрезентација, кои беа земени на позајмица за ова натпреварување. На сметка на тоа џудистите на Пролетер одлично си ја обработија својата работа и го оставија срцето на татамите“, вели Александар Димитријоски од Пролетер.
Ipon.mk/В.Д.