Останаа уште пет ипол недели до големиот дуел Федор – Митрион (ВИДЕО)

На 25 јуни е најголемиот настан на Белатор до сега, а дел од него е големиот Федор Емилијаненко и втор негов обид за дуел против Мет Митрион.

Камен во бубрезите на американскиот борец го спречи првиот обид на овие два борци, но Белатор го искористи тоа за повторно договарање на настан за кој мислат дека ќа нападне дури и некои рекорди на УФЦ. УФЦ 180 се одржува на 25 јуни во Медисон сквер гарден, а една од борбите на ППВ делот е токму тој долгоочекуван меч.

Федор итно треба да испере горчливиот вкус од борбата против Фабио Малдонадо, но исто така и горчливиот вкус на негативната серија од американскиот континент, уште од 2011 година. Митрион најави дека има намера да го нокаутира легендарниот Русин, а тоа е она што „Митхед“ најдобро гоправи.

Пред нас е одлична видео најава на Белатор!

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО