Основни движења во реалното аикидо

Треба да се движите така што секогаш рамнотежата да ви биде доволно стабилна и доволно еластична. На тој начин ќе можете веднаш да се прилагодите на моменталната ситуација (акцијата на противникот). При движењето стапалата не треба грубо да се дигаат туку да се лизгаат по тлото.

Тежината на телото треба да биде рамномерно распоредена врз двете нозе.

Ако моменталната состојба бара целата тежина да се префрли на едната нога, тогаш тоа треба да се стори врз онаа нога која противникот во дадената ситуација не може да ја нападне.

Имајќи го во предвид правецот во кој движењето се одвива, се разликува: праволиниски движења (ШИНТАИ) и кружни движења (ТАИ-СА-БАКИ).

Праволиниските движења можат да се изведуваат со обични чекори или со таканаречени ТЦУГИ АШИ ЧЕКОРИ („нога која следи“).

ТЦУГИ АШИ движењето всушност претставува лизгачки чекор. Имено, со едната нога се исчекорува напред, а потоа до неа се приближува другата нога (при што не смее да се прави длабок чекор), растојанието помеѓу нозете мора да остане исто, т.е. какво што беше пред исчекорувањето.

На овој начин повторно се наоѓа во исти став, но сега за една должина на ставот понапред или поназад, во зависност од тоа дали сте исчекориле или пак наназад.

При кружните движења телото треба брзо и без посебен напор навреме да го свртите и за да го избегнете нападот на противникот.

Од книгата „Релен аикидо за деца и возрасни“ од Ѓуро Илиќ – основоположник на реалното аикидо во Македонија

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО