Османоски Бени стана професионален европски првак во тајландски бокс!

Osmanoski beni 2

Бени Османоски е боксер по потекло од Македонија, од Октиси кај Струга, кој што живее и работи во Швајцарија, но се бори и боксува под знамето на Македонија што е за почит.

Тој минатата недела се бореше за 4 европска титула, при што го совлада противникот со нокаут во првата рунда.

Османоски се занимава со боречки вештини К-1, кикбокс и тајландски бокс. Во неговата кариера Бени Османоски има 52 официјални борби, вкупно 46 победи од кои 38 со нокаут, 5 порази и само едно реми.

Бени Османоски е 4 пати европски шампион во 4 различни организации, едни од најсилните кои што се во категорија до 82.5 килограми.Osamnoski Beni

Исто така Македонецот од Швајцарија е светски шампион до 82.5 во тајландски бокс во една од посилните организации во светот ВКУ (World Kickboxing Union).

Следната борба на Бени е закажана за 23 мај оваа година во Швајцарија, борба под името Prestige Fight. Бени Османоски во кратка изјава за ipon.mk истакна дека живее во гратчето Биел во Швајцарија, каде што и се подготвува за поголемиот дел од неговите борби.

Во ова место тренира со неговиот тим.

„По потреба одам и во другите земји, како Холандија кај познатата ѕвезда Реми Бонјаски кок што многу добро го знам и во многу други познати клубови.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON