Оскар Ривас е главен кандидат за борба со Тајсон Фјури

Колумбискиот боксер Оскар Ривас би можел да биде следниот противник на Тајсон Фјури, откако шампионот на ВБЦ објави дека повеќе нема да го чека Дионтеј Вајлдер.

„Оскар е подготвен и слободен. На ВБЦ ранг-листата е на осмото место и со задоволство би ја прифатил борбата“, изјави промоторот на Фјури, Ивон Мишел и додаде:

„Верувам дека Оскар ќе биде најдобриот и единствениот логичен избор да се бориме во декември, за првата одбрана на титулата на Фјури. Тајсон обожува предизвици, а ја испиша најдобрата приказна за подем на тронот во тешка категорија.

Последната борба Ривас ја имаше минатиот јули кога загуби од Дилиен Вајт со едногласна одлука на судиите во борбата за привремената титула во тешка категорија на ВБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON