Оскар де ла Хоја: Парите што ги добиваат ММА борците се смешни!

Неодамна, легендата на боксот Оскар де ла Хоја влезе во светот на ММА промоциите. Најверојатно предизвикан од Мејведер – Мек Грегор и фактот дека Дана Вајт се осмели да застане во неговата сфера, сега и Де ла Хоја одлучи да му возврати.

Стартот на проектот на Оскар е третото издание на Тито Ортиз и Чак Лидл. Ортиз рече дека нема да има основна гаранција (пари) од натпреварот, но ќе добие поголем дел од плати-па-гледај продажбата.

„Се надеваме дека ќе го направиме тоа околу 25 ноември. Викенд за Денот на благодарноста. Нашата цел е одлична изведба, како што секогаш го правиме тоа! Очекувајте да навлезам во ММА  светот и бидете сигурни дека овие борци ќе го добијат она што го заслужуваат. Види, ги ризикуваме нашите животи во рингот, па конкурентите треба да бидат искомпензирани многу добро. Структурата во моментот е ужасна. Разговарав со многу ММА натпреварувачи и парите што ги добиваат се смешни. Всушност ми се гади од тоа. Тоа е причината зошто започнувам со Голден бој ММА. Ќе и платиме на нашите први ѕвезда Тито и Чак она што го заслужуваат“, заклучува Оскар.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON