Трамп ќе биде вклучен во документарен филм на УФЦ

Претседателот на најпознатата ММА организација во светот и претседателот на Соединетите Американски Држави се чини дека подолго време се во многу добри односи. Неодамна се појавија гласини дека Доналд Трамп ќе биде прикажан во документарен филм финансиран од УФЦ.

The Ultimate Fighting Championship снима 25 кратки документарни филмови на кои работат 25 различни режисери, секој на свој начин ќе ја раскаже историјата на најголемата ММА ораганизација.

За новинарите Дана Вајт откри дека претседателот на САД ќе има солидно учество и дури ќе биде во главната улога за време на една од епизодите.

„Претседателот секогаш се добро се однесуваше со мене. Тој е голем обожавател на нашиот производ. Неодамна дури го одведов Колби Ковингтон во Белата куќа и двајцата разговараа, направија фотографии и Колби добие автограм. Беше забавно“, вели Вајт!

„Потоа, за 25-годишнината на УФЦ, решивме да направиме 25 документарни филмови со 25 одлични режисери. Една од приказните е случајот во кој претседателот ни даде дозвола да направиме настан во неговиот Таџ (Трамп Таџ Махал Хотел и Казино во Атлантик Сити). Потоа отидовме во резиденцијата и зборувавме“, заврши шефот на УФЦ.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО