Оскар де ла Хоја обвинет за сексулано насилство

Поранешниот светски шампион во 6 различни категории и олимписки шампион од 1992 година, Оскар де ла Хоја, повторно е во проблеми со законот.

Против Американецот е поднесена граѓанска тужба по две обвиненија за сексуално насилство во судот во Лос Анџелес.

Инцидентите за кои му се суди на поранешниот боксер се случија во март 2020 година. Тужителот во овој случај е жена која работела во компанијата за текила на Де ла Хоја.

Според тужбата, Де ла Хоја и дотичната госпоѓа биле во работна посета на Мексико. Таа тврди дека 49-годишното „Златно момче“ со панталоните спуштени до глуждовите тропнал во нејзината хотелска соба, по што влегол сам и легнал на нејзиниот кревет.

Во сведочењето се наведува дека жената го избркала, но утрото, кога Оскар не се појавил на закажаната обиколка на локалната дестилерија, жената отишла во неговата соба. Имено,тогаш боксерскиот промотор за прв пат ја силувал.

Инцидентот се повторил кога работната група се вратила во САД. Во обвинението се наведува дека неколку лица отишле на вечера во ресторан, а потоа вечерта ја продолжиле во куќата на боксерот. Де ла Хоја и госпоѓата во еден момент останале сами кога повторно ја силувал жената, користејќи предмет од колекција во куќата.

Ова не е прв ваков инцидент со боксерот. Во 1998 година, на Де ла Хоја повторно му се судеше по истото обвинение, но потоа обвинението падна преку вонсудска спогодба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON