Натпреварувачите на Осенсеи од Штип освоија три медали на Меѓународниот џиу џицу турнир „Мимоза опен 2019“ во Херцег Нови, Црна Гора.
Медалите ги освоија: Ева Димитрова – златен, Стефан Донев- сребрен и Даниел Николиски – бронзен.
На турнирот учествуваа 256 натпреварувачи од балканските држави.
Осенсеи ги почна натпреварите и во Јадранската лига, кои ќе полсужат за стекнување на искуство. Штипската екипа ги загуби двете средби со Херцег Нови 4-2 и со Марибор 5-1, а тоа се должи на фактот што Осенсе настапи само со тројца борци, додека тимови беа во комплетни состави.
Ipon.mk