Луис Ортиз ја одби понудата за борба со светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа.
40-годишниот Кубанец беше првиот избор за противник на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот во Њујорк на 1 јуни, откако Џарел Милер падна на допинг тестот.
Милер за двобојот со Британецот требаше да биде платен околу 6 милиони долари, а протомоторот на Џошуа Еди Херн на Ортиз му понуди помалку.
Американските медиуми велат дека Кинг Конг одбил понуда од 5 милиони долари за да скокне како замена пет недели пред борбата.
Неговиот тим побарал 10 милиони на што Херн не сакал да се согласи. Се очекува челникот на Мечрумo да му испрати уште една понуда.
Ортиз е во добра преговарачка позиција бидејќи би прифатил борба на краток рок и има поголемо име од Енди Руиз и Мајкл Хантер, кои се споменуваат како можни замени.
Кубанецот единствениот пораз го доживеа во борбата за титулата на ВБЦ од Дионтеј Вајлдер.
Вреди да се спомне дека Ортиз за тој меч во март 2018 година е платен само 500.000 долари за овој меч, додека Вајлдер заработил 2,1 милион евра.
Американските медиуми пишуваат дека Ал Хејмон, советник и Вајлдер и Ортиз, веќе разговарале за можниот реванш со тимот на Ортиз со шампионот на ВБЦ, кој би можел се случи во септември.
Херн му кажа на Скај спорт мисли дека Кубанецот би можел да ја одбие понудата поради ветениот реванш со Вајлдер.
Ортиз во минатото соработуваше со Херн. Во октомври 2016 година потпиша договор со Мечрум бокс, а наскоро потпиша договор со ПБЦ Хејмон во март 2017 година.