Пред на е е уште еден голем боречки настан на најголемата светска ММА организација. Борбата за шампион во лесна категорија меѓу Бразилецот Чарлс Оливеира и Дагестанецот Ислам Махачев е водеча на фантастичниот настан на УФЦ 280 чија програма е исполнета со одлични натпревари.
Во коглавната борба Алџамејн Стерлинг го брани појасот во бантам категорија против Т.Џ. Дилашо, додека поранешниот шампион Петар Јан се бори со Шон О’Мели.
Но, најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Оливеира и Махачев. Кога УФЦ ја договори таа борба често се поставуваше прашањето дали Дагестанецот заслужува меч за титулата.
Има десет победи во низа, а во последните два меча ги победи Ден Хукер и во февруари Боби Грин.
А на Бразилецот промоцијата пред неколку месеци му го одзеде појасот, бидејќи не го помина мерењето пред борбата против Гејџи.
Но, со победата против Американецот, До Бронкс веднаш доби шанса да се бори за шампионската титула.
Чарлс Оливеира смета дека Махачев не го заслужил тој меч.
„Противникот мора да се почитува. Ислам има десет победи по ред и паметно се бори. Но, тој јава на бранот на Хабиб, тоа е вистината. Хабиб е тој што му овозможи да се бори против мене за шампионскиот појас“, изјави Чарлс Оливеира и додаде:
„Мислам дека требаше прво да се бори со некој од топ пет. Кој рангиран противник го победи? Не постои такво нешто. Извојував 11 победи против добри и комплетни борци. Ги нокаутирав или со принуда. Од тие 11 победи, само една одлучија судиите“.