Борбата за титулата во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира (30-8-1) и Мајкл Чендлер (22-5) е предводник на одличен настан на УФЦ 262 што ќе се одржи викендов во Хјустон. Тие ќе се борат за наследникот на Хабиб пред полни трибини во салата „Тојота центар“ и ќе влезат во борба подеднакво тешки – 70,3 килограми.
Мали проблеми имаше Бенеил Дариуш (20-4-1) кој во коглавниот меч се бори против Тони Фергусон. Имено, му беа потребни два обида да ја одржи тежината, а на крајот вагата покажа дека има 70,7 килограми, како и неговиот противник.
Рожерио Бонторин (16-3-1) имаше половина килограм повеќе од Мет Шнел (15-5), кој имаше 61,7 кг, но се согласи да му даде 20 проценти од хонорарот на својот противник.
Резултати за мерење, UFC 262
Чарлс Оливеира (70,3 кг) – Мајкл Чендлер (70,3 кг)
Бенеил Дариуш (70,7) – Тони Фергусон (70,7)
Рожерио Бонторин (62,1) – Мет Шнел (61,7)
Вивијан Араухо (57,1) – Катлин Чукагијан (57,1)
Едсон Барбоза (66,2) – Шејн Бургос (66,2)
Андре Муниз (84,4) – Роналдо Соуза (84,4)
Мајк Грунди (66,2) – Ландо Ваната (66,2)
Џејми Пикет (84,4) – Џордан Рајт (83,9)
Андреа Ли (57,1) – Антонина Шевченко (56,6)
Присила Качоира (57,1) – Џина Мазани (57,1)
Кевин Агилар (65,7) – Такер Луц (66,2)
Христос Гијагос (70,7) – Шон Соријано (70,7)